Постојат знаења кои не се знаења Земјата кружи околу Сонцето (а не обратно!) Спорот одамна е решен но оската сѐ уште е замислена Денот на љубовта е празник на календарот но празникот е работен ден за просјаците (во дланките им спијат неостварени соништа и сеќавања на допири со украдени сладоледи) * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
2. Од прастаро темна засипната боја Кружи околу тврдините И го пали времето.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Синовите на Гури Порадеци, со различна среќа му се препуштија на бизнисот, а најмалиот стигна да стане и член на посадата на еден вселенски брод на НАСА, што кружел околу планетата земја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Влеговме во Картагина. Забележавме на небото над резиденцијата и вилата Магребија како се спушта хеликоптер, а други хеликоптери кружеа околу резиденциите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бешир минуваше и низ црвени семафори откако ќе забележеше дека немаше коли од десната и левата страна на попречниот пат! Никогаш не возел побрзо!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зашто не со зборови туку со ѕвездило таа ги пишува ѕвездите, и низ водени гласови шепти со дождот, зашто тројни јазли им врзува на болестите, и на сите уроци, уплави и нави што кружат околу твојот сон, зашто ја напишав оваа песна: лековита!
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)