12. Мртвата песна лежи врз мртвото лисје од лани ранетата нејзина земја и мртвиот аргатин сами Најблиски еден до друг Сал таа немо ја слуша немата исповед на немирната негова душа Лежат неподвижни и неми Молчат и тој и таа во прегратка гушнати вечна под ѕвездите што чмаат Црна е оваа ноќ и црн е веќе светот што ги сврза во едно паѓањето и летот Во корењето истечува земни надојдената негова песна поетот дури се дели од крвта своја пресна Самотнику ноќва е твоја и земјата е најмногу твоја и муграта што огрева веќе од несоницата своја
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Дури и од пенушките на црниот јасен ќе шибнат сочни прачки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Земјата смекнува, негде веќе богато се искитени лилјачињата, кон орелот лета неговата придружничка - утре таа ќе лежи неподвижна меѓу недостапни карпи врз јадри јајца, а околу мене земјата беше гола и штура, македонска.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лежи неподвижна наплеќи, со притаен здив небаре се плаши да не би да го разбуди Петрета, домаќинот свој, цврсто заспан до неа.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)