лежи (гл.) - не (чест.)

„Навистина ќе го убијам“, сакав некако да кажам дека Арсо Арнаутче го убил првиот ден на мојата пролет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Доктор Гете понекогаш ни дозволуваше да влеземе во тие соби во кои луѓето лежеа не поместувајќи се или пак претаа – гледавме во тие замислени глави, избезумени глави, ужаснати глави, престрашени глави; тие гледаа во нас со своите уморни очи, со своите празни очи, со своите очи полни страв, вошит, безумна радост, беспричинска омраза и беспричинска љубов, очи полни со гадење и сласт; ги стискаа усните во молчење, ги испакнуваа во чудење, пропуштаа низ нив по некој едвај чуен збор, благословуваа или се закануваа, крикнуваа во болка и радост. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во лудилото се раскинува врската меѓу Јас и реалноста, и Јас создава своја не-реалност под влијание на бранувањата на своето несвесно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Мал бев, сега сум млад.“ „Болен си“, отстапи жената. „Кога лежеше не сонуваше крв.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Буден лежам не заспивам На д-р Милчо Мицевски Буден лежам не заспивам како утка во пустина станав, како буф меѓу урнатини, снагата од болка ми свена, а коските ми се исушија...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)