Проклетството продолжило: крастите се ширеле и од другата страна на кожата. И мозоците им се расцветувале од нив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Разбери ме
не можам повеќе
да те создавам
да те лекувам
со поштенски марки
нема повеќе
да патуваш
сакам
да верувам
молци
ги јадат
адресите
во мене
интимно
се топат
некои санти
и паѓа
горчлива
сенката
на времето
кога се кастрат
лозите
и поривите
а билјето
развива
бујно
како грев.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Подоцна се покажа дека тоа бил редок вид слепило, такво слепило што не можеше да се лекува со носење очила.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Па сепак, и покрај тие ситни, а чести пакости, во него преовладуваше убедувањето дека душевните болести на современиот човек не можат повеќе да се лекуваат со малограѓанска свест, со која единствено беа вооружени психијатрите од стариот ков.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Доаѓале баби треварки и белобради екими да ги лекуваат со секакви илачи, со тревки во јазовчево масло, им обесувале на врат лилјаци заклани со златна пара, ги прскале со крв од бели врани.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)