Но, тоа не значи дека не знаеш, оти знаењето не се мери во чекори; ако беше така, оној кој везден чекори и си нема друга работа освен да нѐ става во искушение, ќе беше најумен, асикрит на сите асикрити!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Па сепак, да не се мери во грамови, филџани или врвови на ножеви, да не се гледа во книга или на часовник.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Друг пат тоа беше некакво чувство на задоволство, кое за жал се мереше во мигови, па не можеше да се смета како релевантно за некаква долгорочна, еднаш засекогаш запечатена среќа.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)