Времето што изминува секој го мери според своите тежини.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Потоа дојде пролетта. Времето не го мерев според датумите и месеците, туку според тоа во која недела од бременоста сум.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа е огромно и бескрајно, а истовремено мало и ограничено, па се мери според она што ни се случува во него.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Така, ако за тебе овие две години откако ти и другарка ти Мила ми го испративте вашето писмо се долги и ако веќе престанавте да го очекувате мојот одговор, за мене не е така.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Изминаа триесет и девет недели. Уште само неколку дена,“ и ги стави рацете на стомакот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
- Уште кога се разбудив помислив дека овој ден долго ќе трае – објаснуваше Иван со глас што се труди да се дистанцира од болката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)