Свети Илија ја убедил да меси, но како таа месела од брашното – така тоа останувало на исто ниво, се додека не завршила годината на криза. Брашното се репродуцирало!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
За делнички и аргатски денови леб се месеше од мешано - пченично, ‘ржано и пченкарно брашно и пешниците се печеа во добро загорената фурна, поставена скраја од дворот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)