Кога размислувам не можам да дишам, воздух да земам, кога размислувам за вчера, денес и сега, не можам воздух да земам... Кога размислувам.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Во тој снежен потоп луѓето најмногу се плашеа од смртта и се плашеа да не им се затрупаат и оџаците со снег па да се задушат, да не може чадот да излегува, да не може воздухот да влезе; кога ќе им се вдадеше, ќе подизлезеа надвор и ќе го исчистеа снегот што ги затвораше прозорците за да влезе во куќата светлина и воздух.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)