моли (гл.) - во (предл.)

Христијаните молеа во пресметката да ја изгуби главата тој, Арслан бег, не само зашто беше опачен и неприкрепен на умот, туку и дека она во кое до појавата на гласот само се сомневаа, сега, благодарение на него, на гласот, сосема веруваа, а Турците Арслан бег да го надвие гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Анатема
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас, Aehmenia, од Битола, се капам во свети реки, се молам во свети храмови, цел живот излегувам од едно и влегувам во друго ходочастие, штрпкам по некое стракче по камењарите - и тоа е сѐ.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас, Кабида, се капам во света река, се молам во свети храмови, се враќам од ходочастие и тргнувам на друго, како пиле штрпкам изгорени стракчиња по камењарите и наместо да се пресоздадам во сенка на боговите.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Мајка уште ми кажуваше дека во ноќта кога сме ја минувале со стариот семеен чун невидливата граница на самото Езеро, таа толку силно и длабоко се молела во себе што Бог сигурно одговорил на нашите молитви и ние спасоносно сме стигнале на другиот брег.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Некои урнатини, обраснато камење, оброчиште и еден темен напев што се издига во залезот: три жолти цветови, наведнати над каменот, секое нивно потреперување – некој потаен збор, се нишаат и се молат во летниот припек.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Од своите раце на кои му почиваа очите, додека во главата му се роеја тие мисли, Лука Карер го крена погледот кон владиката.  „И јас”, рече спокојно градоначалникот.  Таа вечер Хрисостом остана, со расплетена коса да се моли во малиот параклис.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога се моли во ќелијата, се моли да престане и проклетството на оваа негова интернација, но и тој грозен сон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кандилото светеше цела ноќ во собата на владиката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Можеби”, си рече, „зашто идејата на пеколот постои секаде освен во јудаизмот”, иако и стварноста, не само апокалиптичниот сон го враќаше на идејата на пеколот.  „Можеби пеколот е еден голем карцер во кој се останува до крајот на животот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затоа бегот не им дозволи на бугароманите да градат црква сред село, туку ги истера од сарајот, велејќи им дека можат да се молат во старата црква Свети Атанас, надвор од селото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)