моли (гл.) - пред (предл.)

Всушност, сѐ уште му се спротивставувал на стравот и се калел за дни во кои еднаш или повеќе од еднаш и самиот ќе стои под сенката на смртта и се сеќавал на суровите подбиви на некои од дружината со престарениот Симон Наконтик (така е, старецот престарел во тие дни), а пред тоа ги гледал шегаџиите како со насолзени клепки се молат пред манастирскиот олтар за мртвите, за Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јане Крстин, Пеце Дановски, Борис Калпак и, секако, за запалениот Крум Арсов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Па здраво, попе, му рекоа. Овде јадеме од казан и не се молиме пред легнување.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не се молел. Им нудел на коските дел топлина од својата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знам дека и ти ме чекаш и се молиш пред иконата на Богородица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Од смртта не се бега, синко. Само те молам пред да ме закопате, да проверите дали сум наполно мртов.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)