мрдне (гл.) - од (предл.)

Толе и Јован се поослободија. Значи, имаат време, ќе се мрднат од местото дури да се разбере работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ѓорче се скамени наместо кога прецени дека една таква ситна работа можеше да го издаде, и не мрдна од местото дури Толе со големо задоволство не му ја „искастри“ брадата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од многу читање си се мрднал од умот!“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Едо сепак го пушта диференцијалот на земја оставајќи ѝ ја сета тежина на Германија и тамам сака да пречекори да го подземе куферчето од раката на човекот во костум, увидува дека не може ни да мрдне од место.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Ако ти, дедо Димо, не си се мрднал од оваа планина, велиш ли дека и јас треба да останам закован за неа?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мрдни — Саветке, да би не мрднала од местото, оти еве се стемни.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Ти, жено, да не си се мрднала од паметта, - ѝ се вдаде повторно татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Клетата таа, иако шест пукоти чу, не се мрдна од местото – таков е адетот, - туку чекаше со Трајанка на раце да тропне мажот, да ја отвори вратата и да рече: „Ме чекаш ли, о невесто!“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)