Отворената и експлицитна машка геј-култура што ја создало геј-ослободувањето досега не успеала да ја надмине и да ја замени машката геј-поткултура, која се темели врз геј-идентификацијата со негеј-облиците, ниту да ја замени со оригинална машка геј-култура втемелена врз премрежињата на геј-идентитетот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па, тогаш, дали сум напишал реакционерна книга?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога настапувам, излегувам од ликрени вреќи и степувам на музика од мјузикли.439
Јасно е дека традиционалната машка геј-култура – односно поткултура – и натаму им дава на настраните од секој вид емоционални, естетски, дури и политички ресурси што се покажуваат како силни, нужни и незаменливи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако одвреме-навреме фрлав понекој прек поглед кон постоунволскиот геј- идентитет и кон политиката, книжевноста, музиката и сексуалноста што црпат од него, тоа го правев не толку поради личното убедување колку што го правев поради експерименталното устројство, устројство што подразбира испитување на она што отпрвин ми личеше на контраинтуитивна хипотеза: дека Златните девојки можеби, сепак, ни е побитна од Едмунд Вајт, дека Очајните домаќинки можеби ќе излезе понастрана од Настран ли народ (Queer as Folk).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Силата што го придвижува голем дел од творештвото на геј-културата, сепак, потекнува помалку од геј-суштествувањето отколку од геј-желбата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)