напушти (гл.) - куќа (имн.)

Да се спасуваат со бегање, да ја напуштат куќата пред да биде премногу доцна - таква мисла не им падна ни на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Целта ѝ беше да ја одложи свадбата и во крајна линија да издејствува "несреќата" да ја напушти куќата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Си го изми лицето со студена вода за да си ги избрише трагите од солзи и, без да се нашминка, ја напушти куќата од предната врата, која многу ретко ја употребуваа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Полин од мака, од јад, ја напушти куќата и се пресели да живее во Крапиштето - на малото островце обраснато со шевар и трски крај брегот од езерото каде што луѓето фрлаа алишта од умрените луѓе за маѓии, за покус, и каде што во старо време живееле разни чудовишта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За тоа дека се однесуваа кон неа како кон некој што, ете, привремено е тука и чекаат секој момент да си оди. Да ја напушти куќата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога ја напушти куќата, на Елена ѝ стана мачно. Беше лута на домашните на Марија...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да ја напушти куќата на мајка му, татко му, баба му, дедо му...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ова се 25.000 динари за вас. Жал ми е но ќе морате итно да ја напуштите куќава.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОЖО: Сега ќе бидеш љубезен веднаш да ја напуштиш куќава. Да не се расправаме поинаку.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Кога непријателот навлезе наваму, жандармите ја напуштија куќата и се сневидоа некаде, а луѓето што сметаа дека од вратите и прозорците ќе имаат некаква полза - им ги удрија копачите и скепарите, па ги исподигаа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Соседите со години подозриво го гледаа единствениот човек со паларија во маалото којшто со црна чанта секогаш во исто време, ја напушта куќата и се враќа доцна ноќе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Милчо по истиот пат ја напушти куќата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)