Во најширока смисла на турцизмите, размислуваше Камилски, аналогно на присуството на арабизмите и персизмите, турцизмите би требало да се нарекуваат ориентализми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но и Татко и Камилски во доменот на ориенталистиката признаваа дека се автодидакти, но гордо си признаваа дека се балканофили и балканолози, кои со богатите искуства од нивните животи, Татковото источно искуство и Климентовото западно искуство, го сочинуваа најцврстиот духовен мост на Балканот, стоејќи настрана од идеолошките и националистичките историографии.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)