Како и во сите лудници (а доктор Гете избегнуваше да биде подведен од модата во медицината, и лудниците да ги нарекува психијатриски клиники) класификацијата беше првото начело во Гнездо – беа одвоени мажите од жените, потоа имало оддел за мирни, друг за немоќни на кои им требало постојана нега, трет за манични кои биле врзани, или, ако не биле толку опасни, под постојан надзор, и во четвртиот оддел – сенилни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И само некои од нив се среќавале: во огромните трпезарии, во Големата сала во која доктор Гете држел предавања, во паркот кога шетале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)