Меѓу сите нив навиден и најпрокопсан беше Стево Србино, но тој ја имаше таа несреќа, иако домаќинката му беше здрава и лична да не може да биде повеќе, да нема деца, а Блаже Станкоски, кого Србите, поради големите мустаќи, го завикаа Брко, ги имаше толку многу, што не знаеше што да прави со нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Значи, на „својот“ дел од Потковицата по престојот во неа цо 1853 година, Мурад III насели четворица турски военодостојници - Алибеговци, Јаузовци, Муслиновци и Мустафовци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во време на аграрната реформа, во 1924-та, што ја спроведоа Србите по повторното завладување на Потковицата, на чифлигот Јаузоски и на сета најубава земја населија четворица Срби, солунци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)