насетува (гл.) - дека (сврз.)

Татко ми насетуваше дека за партијата и за власта работат институти со специјални задачи да се навлезе што подлабоко во причините за поврзаноста помеѓу козите и луѓето на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но имаше и такви кои насетуваа дека Чанга со козите оди право во смрт.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И таа насетуваше дека нешто значајно се случува или само се навестува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Насетуваа дека на нашата земја ќе удрат новите бранови на историјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Обично ќе го прекинеше кога насетуваше дека смртта тропа на вратите од нашето семејство, готова да однесе некое од нас, изнемоштените деца.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вчера се уверив дека подбишегата, за која дотогаш само насетував дека тргнала, веќе е проширена во Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа насетува дека единствен начин да се уништи она што е таму, а сепак да не се уништи, е - да се уништи себеси.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но сепак, таа и понатаму се плаши да се откаже макар и од таквата пештера исполнета сета со ужаси, бидејќи насетува дека единствено во неа може да задржи барем мало чувство на идентитет.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Човечката уста, колку и лакома макар и по стрвост, ретко се отвора по нив, зашто насетува дека ќе се собере како шупче пред неговата скоменина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка насетуваше дека, во неговата душа, се раѓа нова емоција, нова возбуда, нова страст, која стануваше посилна од него и се ширеше на семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
" "Аха", рече едниот од нив, а другиот дури сега почна да насетува дека нешто станува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И насетувавме дека тоа е во некаква тајна врска со чудната болест на ќерката негова, која веќе со години (поради надвиснатото проклетство над нашето царство и над кобната одаја со едно нерастајнето слово во неа) лежеше болна од болест чудна, непозната, и искина толку постели колку што имаме години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А, сепак, и покрај сомнежите, Њутн насетува дека дрег-кралиците, сепак, се смеат токму на трагични ситуации.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како блуз пианист, насетував дека со Лолита – Јасна треба да отпочне од некој лев акорд, на пример Фис-мол.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Од тоа што ми го прочита точно е само она ‘стар психоаналитичар’.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потајно насетувам дека бесот, со кој тргнал кон Виена, е всушност насочен кон тамошниот стар психоаналитичар: бидејќи тој е неговиот вистински и главен непријател, философ кој ја раскринкува неврозата, голем разбивач на заблудите, некој кој знае што е што и добро ја познава изворната генијалност.’“ Потоа го остави написот на масата, и рече: „Со колку суптилна иронија Ман го напишал ова!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во онаа доба кога не се ни насетува дека еден ден сетилата ќе бидат само дел од заробеноста во просторот и времето, а не дел од трепетот и од насетувањето на нешто што е отаде, ќе бидат само сведоци на материјата во која веќе нема да може да се доживее онаа нежност, онаа топлина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бевме во добата на невиноста, кога душата уште е мека глина и не знае дека еден ден ќе се претвори во камен или во посна земја; бевме во онаа доба кога душата е глина која лесно може да се стопи со сродна душа, и од двете да стане едно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие насетуваа дека нешто значајно се случува, нешто необично, несекојдневно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Не сакам да умрам“, му јачеше неговиот сопствен глас во ушите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Насетуваше дека е само прашање на време кога нозете ќе го издадат и ќе почне да се тетерави.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите, златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Беше пладнето од концертот на Елса Пијаџо де Тарели во Одеон, се облеков неволно, насетувајќи дека потем ќе ме очекува несоница.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Идам, мама. Ќе стигнеме на тој твој Бах и на тој твој Брамс.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Насетував дека правам некоја работа без смисла и цел, и дека, впрочем, нема ни да ја довршам, ќе ја оставам заради некој нов - речник...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Секој од третираните турцизми беше свет за себе, со свое минато, осакатена сегашност и неизвесна иднина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка, која бришејќи ја насобраната прав врз отворените книги во библиотеката и на чардакот, се чудеше на различните облици на лавиринти и со својата изострена интуиција, насетуваше дека сопругот бездруго замислува ново поместување на семејството, макар што тогаш границите на земјата беа херметички затворени, особено границата зад која остана нашиот поранешен живот, со нашата стара куќа, со роднините.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И сега, кога го прифати компромисот со Климент Камилски, да трагаат по опасните османотурцизми во балканските јазици, тој, а со него и неговиот умен пријател, насетува дека можеби се најдени во погрешна мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И мравките насетуваа дека ќе се случи - први почнаа птиците, пауните, папагалите и златните фазани, потоа се јавија волците и лавовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тропањето стануваше се посилно. Александар почна да насетува дека наредната опција на полицијаците им е кршење на вратата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Чана насетува дека на Добра ѝ е тешко што е одвоена од нив, а уште потешко ѝ е што е без својата сестра Пелагија, која иако помала, за неа беше вистинска закрила.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Доколку не чувствуваш задоволство веднаш престани, луѓето насетуваат дека веќе не се трудиш да ги продлабочиш нештата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мајка насетуваше дека сигурно ѝ се ближи крајот, сакаше да биде што поблиску до Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка насетуваше дека на Татко му се врти умот за уште подалечно патување, преку океанот, како други албански емигранти, пребегани како нив, на другиот брег од Езерото, кон Австралија, Америка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Аха, - рече едниот од нив, а другиот дури сега почна да насетува дека нешто станува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој млад идиот, тој будалест садист, ниту не насетуваше дека еден ден ќе го жнее тоа што го посеал.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Насетуваше дека таму има нешто. Беше подготвен да се соочи со тоа.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Важен е, насетува дека во животот полн со откажувања го направи првиот вистински чекор.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Насетуваше дека повеќе губи, отколку што мислеше дека ќе добие во разговорот за религијата и комунизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таму се и Танаско и неговата Пена, таа насетува дека за нејзиното вработување сигурно е заслужен Танаско, сполај му на Господ, наспроти нејзината црна судбина, сѐ туку има од мајка родени што ѝ го прават животот снослив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Перса долго ги држи зборовите на малечката, толку долго што денот изврвува и стигнува Пелагија од работа и додека се пресоблекува и насекаде расфрла миризба од тутун, ѝ кажува дека малечката Пелагија е многу итра, дека зборовите се лепат за неа и ѝ будат секакви мисли, Вели со сукалото се сука пита, мазник, рашадија, а не живот! ѝ кажува Перса вртејќи се околу Пелагија додека оваа како пред сопствена мајка, ја фрла работната облека, ја открива својата стројна снага настегана во црниот комбинезон нудејќи се пред неа како нејзина ќерка без да насетува дека Перса токму како таква и ја гледа, и ломоти додека навлекува лесно фустанче на бела основа со сини цветчиња Ох, мајко Персо, сега таа е отворена за сѐ, нема нешто што не се лепи за неа, а смислата на сето тоа подоцна ќе го открива.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А Калија, само насетувајќи дека тој ја фали, ќе го прашаше: „Ти се бендисува ли Миклош ефенди?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)