најде (гл.) - в (предл.)

Уф, тоа беше возбуда. Се најдовме в автобус.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Луѓето го слушаа тоа и го заборавија - и мудрото објаснување на попот за дојденец, не туѓинец што понекогаш ќе привлече љубопитност но не и свој човек за кого блиските секогаш ќе најдат в срце трошка разбирање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
10. Ариф, кој носеше мнозина на душа, го најдовме в џамија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Фатен е во дворот на Ѓурчин. Каков прекршок е тоа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Каков злостор е тоа синот да посака да биде поблизу до татка си?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакал да биде поблиску до човекот за кого постоело, според податоците со кои располагал, оправдано сомнение дека му е татко!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Единствен проблем се чини е тоа дека како резултат на добрите и мудри расудувања Иван се најде в затвор? - ме свести суровиот заклучок на Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На сон Севда се најде в црква. На патеката меѓу гробовите по која жените се враќаа од црква со запалени свеќи и се раштркуваа меѓу гробиштата секоја одејќи на гробот на својот близок да му запалат свеќа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)