нема (гл.) - тој (зам.)

Крсте патема нигде не се врати на учење, а немаше тој ни што да учи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Радица го немаше тој проблем. Имаше од поодамна јасно поставена цел, а закачените петки беа резултат на нејзиниот претходно вложен труд.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На крајот од краиштата, ако го немаше тој непресушен страстен порив да реагира така како што реагираше, Тој никогаш немаше да го избере токму него...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ти реков – не е едно и две. Крај нема тој чорап, не се доотплетува...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Немаше тој ни дечиња ни мачиња. Арамииште, ти реков. Многумина од него пропиштеа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А еден пак ранет во трепетна рака, отстапува бавно по местото рамно, од куршуми нема тој страв ниту мака, а гордо се држи и чекори стамно.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
ФЕЗЛИЕВ: По миризмата? Нема тој, драги мој Луков, баш никаков усет за каква и да било миризма.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ако нема тој, не ќе има друг, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)