Потоа тој не е плашлив, од ништо нема страв.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А свеска ми се лути. Немај страв, ми вели молејќи ме да ѝ допуштам да ми се приближи погоре со својата горешта дланка.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Немам страв од чудни луѓе. Ме плашат оние нормалните.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
- Дај рака! - рече Бојан. - Со мене немај страв.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Брат ми нема страв, или можеби само се преправа од што сака да се прави храбар, и скока и нурка секогаш кога му се укажува можност за тоа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Храбар е, од ништо и никого нема страв, а пиштол носи во секое време, уште што не спие со него, секогаш го има закачено на панталоните одзади.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Има обичај полушеговито да рече дека оној што ќе му се испречи на патот ќе „носи дупка на челото”.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ме дотепаа, ме фрлија повторно во очај; дојдов дома, ја отворив вратата и почнав да го молам Висара да стане од постела, да излезе надвор, да трча и шета колку може, да нема страв и да не се плаши од ништо зашто со Зенула е свршено; но неговата глава не се креваше од перницата, тргната беше да оди надолу, а неговото лице да венее и да гасне како скинат цвет....
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
“Идниот пат ќе биде подостојно, жи ми се!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Или го храбрела?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Уф, а јас сметав борците од ништо немаат страв!” – го исмејувала таа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Оној кој го користи хумусниот клозет нема страв од смртта, бидејќи нашето серење овозможува наше повторно раѓање“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Фројд заклучува дека „би било незамисливо... човек да го користи името на својот најверен пријател во животинскиот свет - песот - како пцост, да не постоеја двете особини кои го навлекоа презирот кон тоа животно: станува збор за животно коешто има доминантно сетило за мирис, коешто нема страв од измет и не се срами од своите сексуални функции.”**** **** Sigmund Freud, Civilization and its discontents. 14 okno.mk Наспроти животното, човечкото суштество, со својот исправен од, не ја губи само способноста за душкање, туку и можноста за анимална копулација.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Веќе нема страв во неа, ама многу би сакала тука крај себе да го здогледа Мурџо.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Не, во него немаше страв, немаше дури ни возбуда; тој глас најсериозно прашуваше дали милиционерите бараат од поетите само тие да слезат од гранките или наредбата се однесува и на птиците.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Очите му беа строги, во нив немаше страв.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Не разбирам што точно сакаш да кажеш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Немаш страв. Ти своето мислење за непостоењето на бесмртноста го кажуваш со таква рамнодушност, како да си потполно уверен во својата бесмртност.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Филип скокна од купиштето, пречекан со аплауз: „Ура! Еве, кој нема страв од змии!“ се потсмевна Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Фалангата немаше страв, како со остар нож, ги косеше туѓите војски!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
При преведување со значенски нијанси на мошне богатата именка „толеранција“ во словенечкиот/македонскиот се потврдила скоро исклучиво само „стрпливост“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Трпеливоста кон другиот е луксуз на оној што нема страв за докажување на својата волја, поточно, на оној што знае дека со сигурност може да го брани својот идентитетен интегритет и да го докаже својот праг на толерантност секогаш кога непријатноста во однос на другиот ќе ја пречекори мерата на неговото трпение.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нееднаквоста на моќта на субјектите, што се среќаваат и остваруваат поле на заемно делување, знае да биде плодна за настанок на толерантно однесување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)