обедини (гл.) - свет (имн.)

И Арафат сакаше да остане и вистински ќе остане во историјата, како мит, како икона, како татко- основач на палестинската нација отколку како моќен лидер кој со својот навидум политички донкихотизам сакаше да го обедини светот за да ја разбере неговата борба за слободна Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кој беше Јасер Арафат? Тој веќе беше во историјата без да го подготвувал педантно, методично и фанатично своето место во неа како неговиот друг соборец од Картагина, раизот Хабиб Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кејџ пред сѐ е преокупиран со Мек Луан-овата теза за технолошка револуција во општите средства, која конечно (ќе) ги сруши границите на тесната, парохијална цивилизација основана на печатениот збор, и со помош на електронските продолжетоци на сетилата ќе го обедини светот во единствено “глобално село”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој, повеќе од другите императори, сакаше во својата јаничарска екстаза да го обедини светот со својата идеолошка визија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)