Со единствениот член од ЗЈС кој се однесува на штрајкот се пропиша дека јавните службеници имаат право на штрајк организиран во согласност со закон и се должни, како и државните службеници, во остварувањето на правото на штрајк, да обезбедат минимум непречено извршување на функциите на институцијата и неопходно ниво во остварувањето на правата и интересите на граѓаните и на правните лица (чл. 31, ЗЈС/10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Одредбата од ЗСС (2008), дека во текот на штрајкот треба да се извршуваат работите кои се во врска со закажаните расправи и рочишта, односно со јавните седници за донесување и доставување на сите одлуки во законскиот рок (чл. 33, ЗСС/08), ја нема во новиот ЗСС (2014), но сè уште е на сила во Законот за судовите (чл. 98, ЗС/06).141 Наместо оваа одредба од стариот ЗСС, во новиот ЗСС е пропишано дека во текот на штрајкот вработените во судската служба се должни да обезбедат минимум непречено извршување на функциите на судот и неопходно ниво на остварување на правата и интересите на граѓаните и на правните лица (чл. 59, ЗСС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)