Обемот на полномошното го определува странката и таа може да го овласти полномошникот да презема само определени дејствија или да ги презема сите дејствија во постапката (чл. 85, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таа [како „власотавец“] може да ја измени или отповика изјавата на својот полномошник на рочиштето на кое е дадена таа изјава.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако полномошникот признал некој факт на рочиштето на кое странката не присуствувала или некој факт признал во поднесок, а странката тоа признание подоцна ќе го измени или отповика – судот ќе ги цени обете изјави (чл. 80 и чл. 84, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)