Но утре ќе огрее сонце, ќе го исуши сеното и ќе го собереме.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Цел живот мислев дека ќе ме огрее сонце и дека ќе бидам среќна, но попусто.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Многу бргу ги огреало сонце и тој почнал да ора со трактор во Лозарството, а таа да мете во шталите по цел ден, иако тоа од неа никој не го барал, ама бадијала не се седи. Сакале да ѝ платат... во млеко.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Но тој дол слегуваше од Маргара и тие се запатија право по него нагоре, та пред да огрее сонцето се најдра на врвот на чуката, каде што овдеонде уште стоеја намети од зимошниот снег, но и тие веќе се прибираа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Време е и оваа куќа, после облак, да ја огрее сонце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
“И кога ќе огрее сонцето,” се смееше Ливајн, “ќе ме спржи и ќе ме истопи.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Да ја снема вејавицата, да ја огрее сонце.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)