Иако беше многу зафатен со учењето и спортот, постојано се јавуваше и прашуваше како се одвиваат работите со твојата болест.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
- Претседателе бесцелно е да поминуваме низ истото повторно, вие подобро и од мене знаете како се одвиваа работите.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Постоја уште малку да види како ќе се одвиваат работите, па кога и по пет, шест минути овцата не го изгони јагнето, се успокои и се врати во колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Таа беше свесна дека тоа што го кажа мајка ѝ е само нејзина желба, така да се одвиваат работите во врска со Хелвиг.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Таа 1943 година претставувала пресвртница за промена на ставот на САД спрема настаните во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И покрај доста скудните информации, во печатот можело да се насети како ќе се одвиваат работите на Балканот и во југоисточна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На генералот, којзнае зошто, ваквото обраќање му се сторило фамилијарно. - Па што ви е, милостив господине, и натаму зборуваше отсечно, зар не го знаете редот? каде сте влегле? не знаете како се одвиваат работите?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Но, ваше превосходство, рече Акакиј Акакиевич, трудејќи се да ја собере сета неголема грстка на прибраност, каква што воопшто можеше да се најде кај него и чувствувајќи истовремено дека ужасно се испотил, јас, ваше превосходство, се осмелив да ви додевам поради тоа што секретарите онака... не се сигурен народ...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Марија беше изненадена од ненадејната зборливост на мајка си и не знаеше како ќе се одвиваат работите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)