оди (гл.) - ми (зам.)

Ете, утре ќе одат пазарџии со штици, ќе тргнеш со ниј со едно магаре, оди ми со здравје, ама јас не одговарам за твоата глава, — се искажа Толе и го викна Гулета. Му го предаде Ѓорчета со два збора: — Човекот сака да биде мариовец и утре пазарџиа за Битола.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Митре си ја зеде грижата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На испраќање ѝ рече само толку: — „Оди ми си дома и гледај ми си работичката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Не знам што ќе правам без тебе, ми рече, кога ќе ми текне дека утре ќе си одиш ми паѓа тешко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Така е, баба ефенди.“ „Секогаш има сефте, ама некаде тоа сефте е и крај.“ „Оди ми со здравје, баба ефенди.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Оди ми сега со здравје, Мурат-ага. Биди без гајле!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Секој ден бараката во која беше сместен Иљо со Иљовица и со стариот, скоро неподвижен татко, беше оди ми, дојди ми.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нејсе. Кој и да беше, тој имаше оди ми дојди ми со турските власти, а нашиот бег му беше и близок роднина на кајмакамот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)