11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- Каде одеше човекот? - ќе прашаше некое од децата во треска, со солза в око.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И до кај десет саатот дошол во крајот од полето и видел еден пат кај што оделе луѓе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
По месечина две раце си гледаа нагоре И низ многу темно со многу болка во душата Низ полето усама некаде си одеше човек.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)