одмори (гл.) - и (сврз.)

Треба да се отргне извесно време од оваа бркотна средина, да појде кај своите, таму на лозјето. Ќе се одмори и ќе си дојде на себеси.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Оставете ја да одмори и ставете една нова единица крв - се слушна гласот на главниот доктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се лизга вратата од хотелот и од него полека се извлекуваат - убави, уморени и млади, побелени во ликовите од неспиење, и, со крив чекор на растреперените нозе, брзаат дома да одморат и да се спремат за вечер.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога се одмори и кога се постопли, штурчо ги нагласи разгласените струни на својата виолина и - засвири!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)