И да беше, на пример, заправо точно дека Афроамериканците себеси, главно, меѓу себе се определуваат според некакво свое сфаќање дека да се биде Црнец подразбира својствена, необична или изразена наклонетост кон пржено пиле, ребра и лубеница (да се послужам со примерот на Џон), мене, всушност, не би ми било страв да ги испитам културните значења што можеби ги има селективното присвојување на таа храна.88
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако една тужба, против истиот тужен, опфаќа повеќе барања што се засноваат врз иста фактичка и правна основа – вредноста се определува според збирот на вредноста на сите барања (чл. 30, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А, пак, кога за утврдување на составот на судот, правото на изјавување ревизија и во други случаи предвидени во ЗПП е меродавна вредноста на предметот на спорот, како таква се зема предвид само вредноста на главното барање; додека каматите, парничните трошоци, договорната казна и другите споредни барања не се земаат предвид, ако не го сочинуваат главното барање (чл. 28, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)