Но, четири години подоцна, колку што време беше потребно законодавецот да сфати дека погрешил, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, оваа чудна и нелогична законска одредба комплетно беше избришана (чл. 27, ЗИДЗРО/окт.09); в) за прв пат се воведоа и одредби за престанокот на дејствувањето на овие асоцијации, и тоа поради следниве правни основи: (1) ако така одлучи извршното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува за престанок; (2) ако од одржувањето на седницата на највисокото извршно тело на асоцијацијата, без посебно важни и оправдани причини, поминало двојно повеќе време од времето со кое со статутот е определено дека таква седница мора да се одржи; (3) ако бројот на членовите на синдикатот, односно здружението се намали под бројот определен со овој закон за основање на синдикатот, односно здружението; 31 и (4) ако му е изречена забрана на дејствување на синдикатот т.е. на здружението, со одлука на редовниот суд. 32 Постапката за забрана на дејствувањето на асоцијацијата се покренува на барање на органот овластен за регистрација или, пак, надлежниот суд. 33 Изреката на правосилната пресуда за забрана на дејствувањето на синдикатот, односно здружението, се објавува во Службен весник на РМ (чл. 201-202, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Индивидуален спор Со единствената новела на овој закон се определи дека индивидуалните спорови, освен со овој закон, ќе можат да се решаваат и согласно новиот Закон за медијација (чл. 1 од ЗИДЗМРРС/14).95 Ваквото решение е секако во корист на работникот, бидејќи медијацијата подразбира донесување на заеднички прифатливо решение кое е предложено од сите страни во спорот, изразено во форма на писмена спогодба, за разлика од обврзувачкото решение на арбитражата, кое најчесто е во корист на само една од страните во спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Овој полугодишен период е прилично кратко време, ако се знае дека според нашето облигационо право, другите побарувања утврдени со судска одлука застаруваат за десет години!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се определи дека како отсуство не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор кај правото на работникот на бонус во висина од една просечна плата во Републиката, ако тој работел над 150 часа подолго од работното време, а притоа не отсуствувал повеќе од 21 ден (чл. 22 од ЗИДЗРО/фев.13); 28 Оваа дефиниција ја замени претходната, противуставна формулација која гласеше – „Работно време е секој период во кој работникот работи и е на располагањена работодавачот за извршување на работите и работните задачи согласно со закон“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)