остане (гл.) - настрана (прил.)

Но, во него немаше ниеден збор за нив и тука не можеше да се стори ништо друго, освен да се останува настрана и да се молчи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Насекаде е војна. И Италија не остана настрана.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По ова, многу часови по откритието, на Татко му честитаа и секретарот и градоначалникот, а задолжениот за безбедност остана настрана.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Си остана настрана од Партијата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Друг го решава тоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Наместо на носилка и право во болнички кревет, останува настрана покриен со ќебе и чека да го однесат таму од каде никој не се враќа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Ние не сме тие кои решаваат кој ќе остане настрана од некој злостор“, му отсеков.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше наивно да се верува, по сè што ми се случуваше дека А.А. ќе остане настрана од кругот што го зацртуваше околу мене Х.Х. според постојаните директиви на Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Многупати кога мислиме оти греши само еден од нас а не и другиот, всушност грешиме заедно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)