Бреза почна да кенка: - И мене сакам да ме земат, сѐ бато оди, а јас останувам дома. Сакам и јас да одам, сакаам и јаас...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Денес треба и мажите и жените да работат, но и подеднакво да се грижат за децата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа е природна поделба која постоела од почетокот на човечкиот род – мажите како посилни повеќе можеле да заработат, жените останувале дома со децата.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мала е радоста што ја носат спечалените пари за да ги ублажи оние маки кои печалбарот ги трпи во туѓина и немаштијата што ја трпат оние што остануваат дома.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По ова, тој две години останува дома – без работа, без никакви приходи и без пензиско и здравствено осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Бидејќи имаше кино-проекции и во неделите, Мајка одеше понекогаш да работи и прекувремено, макар што Татко ја молеше барем тие денови да си останува дома.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Поради кревањето глас и „бунењето“ против оваа свесна измама врз работниците, Љ. Н. е тргнат од работното место и е прогласен за технолошки вишок, заедно со други работници во новоформираната „Група 99“ (група која е составена од работници што го креваат гласот поради изиграноста и поради ова бунење 167 се прогласени за технолошки вишок и се избркани од работа).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)