- Нее, - рече Србин, затегави. - Доста е засега тета да ни ги пере алиштата што ќе ѝ ги носиме, а после ќе видиме. - Аха, - рече тетин Доне.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
При секој погреб, музиката одеше напред, по неа децата со бајрачиња, па попот; по попот мртовецот, а по него фамилијата гледајќи в земи, подофнувајќи си и придржувајќи се под мишките еден со друг; зад нив одеа роднините, блиските, потшепнувајќи нешто меѓу себе за клетата судбина на покојниот и издивнувајќи, по нив одеа подалечните пријатели и роднини, зборувајќи дека овој живот е ништо, ветер, сон, дека еден ден и нив ги чека ова; најодзади, раштркани без ред, чекорат, се влечкаат далечни пријатели, познајници, соседи, луѓе што од грев или милост дошле, зборуваат гласно меѓу себе за сè и сешто: за злобноста на овој свет, на овој живот, за лакомштијата на луѓето, за глупоста, за јаландуњата за лажовниот век; ја прекинуваат поворката кај што сакаат, стрчнуваат во продавницата да купат нешто, и пак се враќаат, клоцаат со нозете и по добиците што рикаат и се мешаат со поворката, се пулат во жените што запрегнати во кошулите перат алишта на езерото; разговараат за војните, за времето, за бериќетот; носат срп или вила со себе, и штом ќе стигнат до црквата, не чекаат да го стават мртовецот в гроб, туку се распрснуваат кој каде по работа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Влези и разгледај ја визбата. Токму овде мајка ми ги пере алиштата, ја подготвува туршијата и ги прави колбасите...
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Оние другите ги работеа потешките работи: ги переа алиштата и постелнината, правеа копчиња и чевли…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа следниот ден пак го однесе Бонети на езеро кај перилото каде што таа переше алишта.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Повелете во нашата продавница која е на излезот – тука се делата на нашите драги пациенти: чорапи и шалови, ноќници и фустани, марамчиња и крпи, предмети изработени од дрво,“ ми рече доктор Гете, а потоа продолжи да ми раскажува како се живее во Гнездо: „Будењето е во шест – прво се чисти она што се растурило во текот на ноќта, под надзор на болничарките, а тоа не е едноставна работа, како што може да ви се чини на прв поглед.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зората го отвараше небото, го разбиструваше, ја будеше земјата, езерото, селото; луѓето тргнаа по нивјето, по бавчите, по лозјата, по секојдневната работа; заѕвечкаа ѕвонците на добитокот што излегуваше на пасење, им брмчеа мувите и инсектите околу ушите внесувајќи им немир; рибарите со рибарскиот прибор се упатуваа кон чунчињата, дрварите ги самареа добиците и ги приготвуваа за тргнување в планина; врвеа жените со сепетките на глава тргнати кон езерото да перат алишта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ја чистеа куќата и переа алишта.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)