И каков е врвот на тој напредок?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бевме како некои мали деца кои постојано си одат на гости еден кај друг за да играат нинтендо или да ја пишуваат домашната за утрешниот училишен ден.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ако не ги пишував домашните, ако не се мачев со математиката, ако не морав на памет да ги учам лекциите од руски јазик, или францускиот кој беше сосема нов за мене, читав руски романи позајмени од градската библиотека.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
На располагање му стојат слободите што во долгите векови мачно ги заработил спојот на филозофската генијалност и политичкото јунаштво, благословено со крвта на мачениците; по заслуга на најпродуктивното стопанство во историјата на човештвото гарантирани му се удобност и слободно време; науката продре во тајните на природата, за да го снабди со чудесна, на оригиналот верна репродукција на звук и слика.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ќе започнеме со два подолги цитата, што според мислењето на авторот на овој спис, соодветно изразуваат и осветлуваат некои карактеристични моменти од живата, жешка и често конфликтна дебата за значењето и ефектите на популарната култура. а) “Замислете си тринаесетгодишно дете како седи во дневната соба на семејниот дом и додека пишува домашна работа по математика слуша со слушалки на ушите вокмен или гледа MTV.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)