Како што известува Еванс бил присилуван да зборува но одбил и побарал дозвола понатаму да не присуствува на такви состаноци што му било одобрено од потполковникот Едмондс.335 Членот на британската мисија Едмондс сметал дека за британските мисии било важно Киро Георгиевски да “формира борбена сила во областа Преспа“, а не само да “испраќа регрути кон север.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
И ме разоткри, а кога притрчаа и другите две девојки за да побараат дозвола за сладолед, на овие од „пекарата“ им преседна муабетот, а беа и посрамени затоа што го препознаа јазикот на кој разговарав со децата и им беше јасно дека Германката - јас, сè ги разбрала, и дека оној најдобриот меѓу нив во одредени активности залудно си се проектирал некаде таму далеку со неа во Дизелдорф.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Потем ги собра тринаесетте сочиненија, се поклони, побара дозвола да замине на молитва во својата ќелија и нѐ остави.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем стана, побара дозвола да замине, ја зеде книгата со словото сочинето со новите букви на писмородецот Стефан, се поклони пред логотетот, се прекрсти пред нас и излезе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Снеже ниту се обиде да побара дозвола за да остане надвор со децата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Види ја ти неа, си мислев, како ѝ текнале такви лаги.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Знаат да прошетаат а без да побараат дозвола.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Напати ти ја одземаат способноста и да ги следиш.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А времето веќе се одмакна. Фатија Петрови пости, наближи и Петровден, та и беговите побараа дозвола да се вратат по чифлизите да ја соберат сеидбата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Јагулче Дримски зеде иницијатива, се консултираше со секретарот Трим Тоска, а потем се упати до републичкиот секретар да побара дозвола работната седница да биде одложена за другиот ден.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)