побара (гл.) - интервенција (имн.)

Доколку работодавачот не ја отстрани опасноста или не постапува во согласност со мислењето на овластената здравствена установа, вработениот може да побара интервенција од надлежниот инспектор за труд и да го извести претставникот [на вработените] (чл. 39, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вработениот има право да одбие извршување на работа и доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со новиот закон претставникот на вработените надлежен за безбедност единствено може да побара од работодавачот да преземе мерки за отстранување на појавите кои се опасни по безбедноста и здравјето на работникот, а потоа, доколку работодавачот не преземе соодветни мерки, да побара интервенција од надлежниот инспекторат за труд (чл. 42, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)