побара (гл.) - согласност (имн.)

Се разбира, за да стори вакво нешто ќе морала да побара согласност и лично од него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се сети дека не побарале согласност за новата функција.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Е,тогаш Анатолиј за првпат спомнал, и тоа, замисли си, во нејзино присуство а без да ја предупреди, дури и без да побара согласност од нејзина страна, едноставно човекот изјавил дека има намера да се жени и дека токму нејзе ја избрал за невеста.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јанче уште некое време остана вудвосан под Исусовото распетие, прикрепено на источниот ѕид, потоа, кога се исправи, уплашен и расплакан, во нивните очи побара согласност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Речено нашки, ги осветлил сите свои намери а без да побара согласност од нејзина страна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А бидејќи такво нешто не се случило Рајна и понатаму продолжила да ја посетува својата симпатија Генералот во неговиот дуќан за сода вода и да ги игра и пред него сите оние игри со кои ги збудалуваше мажите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)