Луѓето стануваа чудни, се нишаа, се топеа пред моиве очи и веќе беа базја меѓу тркала и рогови од кои змиесто се извиваа секакви корења и се испретплеткуваа околу сенките да им ја пијат темната крв.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зад сето тоа се криеше големата сложеност на едноставноста, сиот тој ред на привидното спокојство да стане разбуричканост на споулавеноста - цветови сме што можат да пуштат отровни трња пред кои месото на животот не се повлекува туку им се нуди, им се остава да го параат, и јас веќе не знаев зошто го продолжуваме патот, иако Онисифор Проказник им рекол на неколцина дека ќе изгинеме и како мртви ќе ја победиме смртта зашто друг по нас ќе се бори: на бедниот со срце, господи, помогни му.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И оттогаш, да до денес затоа го слават и го жалат убедени дека тој во име на доброто со својата смрт ја победил смртта....
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)