повлече (гл.) - наназад (прил.)

(Ангеле влегува во манастирот и со долг скок доаѓа пред Кајмакамот. Сите се повлекуваат наназад изненадени.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ги свртев, ги ставив една покрај друга и се повлеков наназад и самиот да ги погледнам.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ја обзеде нов страв дека одвратниот предмет може секој момент да скокне врз неа и затоа почна тивко и внимателно да се повлекува наназад, без да ги тргне очите од змијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
До извесен степен, веројатно, тоа може да се спореди со стоењето на работ од амбис без никаква сигурност, додека полека се навалувате напред, но од претпазливост имате некого да ве повлече наназад.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)