Само кога бевме со него тој беше спокоен.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Погледнувам нагоре. Ја нема полицата. Го нема полуиспразнетото, прашливо шише со волшебна напивка.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Тој сфати дека гласовите доаѓаат одозгора во кулата и, погледнувајќи нагоре, над главата виде ногарки од дрвени клинови, греди, диреци и потпорници.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Погледнувам нагоре... Се чини облачно. – Ќе врне – си велам, и побрзувам назад кон градот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
На секој круг погледнувавме нагоре за да бидеме сигурни дека е тој тука и ќе му мавневме со рацете.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Додека дедо му седеше насапунет на столчето и се подгледнуваше нагоре кон големата слика на Тито во маршалска униформа над потпукнатото огледало, со помалата слика на синот на Ружди во униформа на ЈНА во едно ќоше, бричот се точеше од каишот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Погледнувам нагоре - високо. А високото треба да се заземе, да се фати.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)