Од рововите и митралеските гнезда се подадоа глави.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ја подадов главата преку прозорецот за да ги здогледам нив, моето сакано семејтво.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ги подадоа главите еден врз друг и ги здогледаа селаните начичкани на долниот крај на улицата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Легнаа помешечки и ги подадоа главите да разгледаат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Шишман навистина беше се сетил, но токму кога сакаше да се покаже виде како еден од четворицата офицери, користејќи го моментот, украде карта од купчето на средината па вчудоневидено ја подаде главата напред и веќе заборави како треба да рече кога ќе влезе во просторија каде што има претпоставен.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Отпрвин срамежливо, едно кокиче-извидник ја подава главата, а по него, похрабро, изникнуваат уште две-три.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Кога ја подадов главата од отворот на шаторот за да го видам непознатиот човек, татко ми на неговото прашање рамнодушно ги крена рамењата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Но желката подаде глава и го здогледа во темнината.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
„Ау, пилиња, они пилиња,“ Кети ја подаде главата од вратата на кујната.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На балконите од повисоките згради висеа како гроздови сеирџии и во темните рамки од прозорците се лулаа подадени глави, зафатени од спојот на непреодлива љубопитност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Првото и второто дете, неумејќи да се снајдат бараат врата по чардакот и си ги подаваат главите од прозорците.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Стравот да не биде еден ден сепак донесен пред игуменскиот суд на Свети Ѓорѓија-Горг, затоа што пред години избега од манастирот - можеби тој подаде глава?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Ја, ја, не бу ѓурултија?“ се исчуди кадијата и подаде глава низ дуќанот на мајстор Јосиф. „Бин јаша муслиманд'р!“ викаа некои однадвор.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Гаро, којшто сега беше пуштен, ја подаде главата од сенката на шталата, заврти со опашката, но не дојде до мене.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- Ти, Мали, знаеш уста да затвориш? – конечно се разбуди Јане и ја подаде главата низ врата. – Што има за јадење? – беше неговото второ прашање.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Тоа што ќе купиш – рече Лета и продолжи да зборува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ќе ги подадеме главите како продавачката под белиот тенекиен покрив од трафиката.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како јагне ќе те заколам! (Во овој момент Селман-ага ја подава главата од вратата, ѕирка и кога ја гледа ужасната слика со Ристаќија се стреснува и молкум се повлекува).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Чудно, со вештина на гусок, лимарот ја подаде главата и пакосно се засмеа покривајќи ја устата со преголемата црна дланка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Оној што беше последен во редот, не поместувајќи ги нозете, почна да ја подава главата напред.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Беренц ја подаде главата во знак на прашање што никако не го изговори. „Ме побаравте господине Беренц...” - спокојно рече Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Му проструи студена мисла на градоначалникот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од средината на купот се подаде главата на нивниот татко, долго се креваше над купот, како да доаѓаше од некој друг свет, како никогаш црн во лицето и со заматен поглед во очите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Дине Бочаровски цел ден не подал глава надвор од дрвената куќа, неговите деца и децата на Тронда ги крпеле проѕирките со штичиња, а Риса и Тронда, подеднакво загрижени, се обидувале да му го кријат шишето и да го бранат од болките што го кинеле во стомакот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но токму ја подаде главата низ портата, се стаписа назад како чукнат со чекан по глава.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тој подаде глава и кога ја виде регистерската табла, смирено рече на македонски: - Добре дојдовте. Повелете. Влезете.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Оној што беше последен во редот, не поместувајќи ги нозете, почна да ја подава главата напред.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А кога доцна вечерта со тажно мјаукање ја подаде главата – сите подзинаа: ама, ова ли е Фигаро?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Инаку зошто толку ведро би трчал кон Зоки кога овој секое утро ќе ја подаде главата низ таванската врата?
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Ја подадов главата низ вратата од „мојата“ соба и видов како низ отворената врата од тоалетот излегува светлина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Првпат слушам за ваков натпревар, па уште и организиран на такво високо ниво што дури има и сопствена комисија.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Бошко тропна уште еднаш, но дури на третиот пат некој ја подаде главата низ вратничето.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)