А седнете, седни, мори мустро, шо се плашиш? — и ѝ подаде столче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од софрата станаа жена и две деца и им подадоа столчиња.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Голем да пораснеш! - му рече старата, му подаде столче да седне и праша: - Од далеку идеш? - Од Мацково, дури од Караорман - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Махинално ги дигнав рацете кон црниците. Една жена ми подаде столче.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
— Дал ти бог добро, бег, — одговорија во еден глас Куле и Трајко и Куле му го подаде столчето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)