Јас толку минијатурна пред грандиозната катедрала ѝ го подадов мојот апарат на Госпоѓа Изабел. Ве молам да ме сликате...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Кога на неговата рака веќе не ѝ беше потребна поткрепа, таа иста рака ме турна во очајот, како во вакуумски простор, во кој со подеднаква брзина, со подеднаква бавност, паѓаат и пердувот и оловото, и крвта и душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)