познава (гл.) - доволно (прил.)

БОРИС: Дали си ти хи-фи? МИРА: Тоа е добро прашање. БОРИС: Затоа го поставувам. МИРА: Не се познавам доволно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Лицата не им се познаваат доволно, а очите им светат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оние што не го познаваа доволно велеа дека остава впечаток на одлучен човек, но оној што го познаваше подобро, забележуваше кај него нешто здржано, тоест како нешто да му тежи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)