Неверица му полази по лицето, молк му ја заклучи устата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Доста се затресе, ама пријатни трпки ја полазија по снагата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И уште кога учителот Милан Ацев кажа дека попчето што ќе излезе на сцената не е никој друг ами попов Крсте, неа мравки ја полазија по целото тело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Еден светол Месечков зрак се одби од стаклото на прозорот и полази по постелата.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)