Минатото е ниска од за’рѓани алки
потресни собитија
единствени по своите
димензии, па и тежест
како на пример –
масовни ослепувања
оргии во знак на освета
погроми, пожари, помори
земјотреси, ерупции
покрстувања, исламизација
елинизација
царство на конверзиите
на озаконети незаконитости
родоскверности, чедоморства
завери и трагикомични
сценарија,
сѐ на сѐ
ОВДЕ
историјата е
горопадна
гротеска …
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)