порасне (гл.) - ли (чест.)

Го разгледував скришум и размислував за промената кај него, пораснат ли е или ослабен?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Песот адамосано се влечел по нејзината сенка - на запад се протегала белина; малку време пред тоа таквите заоди ветувале јасник и волчи завивања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И порасна ли Трајка и Велета да му служат на Адемовите штенци? — се обрна кон Ката и ѝ го покажа детето, кое веќе беше се фатило за нејзината парталава фута.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шо ти прави момата? А порасна ли? Гуга ли? Оде ли или баре белки бор стое?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- А оној, мајче, крадецот? Му пораснала ли нова тртка?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)