Но во случај Македонија да биде поделена меѓу неколку држави, вклучувајќи ја и ГРЦИЈА, тогаш бугарските комунисти повеќе би сакале да ја видат Македонија како автономна држава, со надеж дека таа ќе може, како и во случајот со Источна Румелија во 1885 г., уште еднаш да биде бугарска или дека таа би можела подоцна да биде поделена меѓу ТИТОВА Југославија и Бугарија, под влијание на Москва", додека бугарските "умерени земјоделци и либерали и социјалисти пред сè би сакале Македонија да биде бугарска".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во него се истакнува: „2. За да може по еден мирен и брз начин да се реши воената ситуација во југословенска Македонија и со тоа да се помогне нашата акција против германските окупаторски сили на Балканот, треба да се постигне договор меѓу Вас и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија по што: д) Вие и војската под Вашето командување ќе се присоедини кон НОВ и ПО на Македонија и ќе преземете, под нивна команда, борба против германските војски; е) Или да ја евакуирате територијата на Југословенска Македонија окупирана од Вас, откако претходно ќе ги предадете Вашето оружје и сите воени материјали на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Од своја страна, нивните анализи покажале дека "Комунистичката партија е на мислење оти е пожелно - како што е веќе сугерирано од ГЕОРГИ ДИМИТРОВ - да се постигне договор со ТИТО во врска со Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)