Тој запна, дупката се рашири, но боцкалките му се закачија во раката и од неа потече крв.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И не можеле оттогаш да се минат границите без да потече крв!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И Отла гледа во лицата на децата, гледа во грчот на нивните лица, гледа како тие лица позеленуваат, гледа како устите им се разјапуваат барајќи воздух, гледа како паѓаат на подот, паѓаат едни преку други, ја чувствува и сопствената слабост, сопственото гушење, но се проколнува што има толку издржливо тело, што ќе умре последна гледајќи ја нивната смрт, и таа конечно паѓа, паѓа врз детските тела, ги гледа како им се превртуваат очите, како од устите им потекува крв, а потоа чувствува како и нејзе нешто ѝ се раскинува во градите, ги превртува очите, издивнува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ама се уште имав сила со заби да си ги раскинам жилите од рацеве и кога видов како потече крв, тогаш си реков, ете им дојде крајот на моите маки.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од босата нога му потече крв, но тој трчаше како ништо да не му е.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Болниот не спиеше, беснееше, го удри со глава во наведнатото лице, така што нему му потече крв од носот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Од носот му потече крв.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Замавна еден од зулумџиите со сабјата, ја пресекоа главата, во истиот миг. Потече крвта македонска, по дворот...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Цело попладне не излегов од бараката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)