поткаса (гл.) - долен (прид.)

Се разнесе грмогласно „ураааа!“ од четиристотини грла и залпови од пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога почна жетвата и Доста откажа на машките да им поткрева снопје, Митра како попарена си пи поткаса долните муцки: — „Мореее! песјачката песја!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)